Ljupcho Nikolovski
Неготинчани знаат што се сме направиле за нив.
✅Исплативме 2 милиони евра за Повардарие, ваши пари, кои не ви беа исплатени за предаденото грозје.
✅Донесовме нов закон за вино со кои лозарите добиваат гарантирана цена на винското грозје, зголемена производствена цена за 25% и посебна нова програма за финансиска поддршка во земјоделството. ✅Со нас лозарите традиционално субвенциите ги добиваат на св.Трифун, а оваа година секој лозар доби авансна и дополнителна субвенција или вкупно 52.000 денари по хектар.
✅Дека лозарството и винарството се за нас важни потврдува и за прв пат донесената 10 годишна стратегија во која поставуваме јасни цели за овие два сектори.
Секој еден наш збор даден кон лозарите сме го исполниле. Зголемени субвеници, легализација на насадите, 100% зелена нафта, грантови за винарии, ви ги отворивме светските саеми, најдовме нови пазари за македонското вино и станавме регионални лидери и 13ти во светот во извоз на македонското вино. Од година во година, бележиме раст на извозот флаширано вино, наспроти наливно вино. А минатата 2023 година ја заокруживме со остварен девизен прилив од 57,7 милиони евра.
Можеме заедно уште повеќе. Да продолжиме заедно обединети за сигурна иднина на сите граѓани, за европска иднина дома.